СОСТОЈБАТА ДЕНЕС: Има 69 оздравени и 4 починати лица
Коронавирусот однесе уште четири животи.
Министерството за здравство соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 69 оздравени пациенти од корона вирусот и тоа во Скопје-18, Куманово-36, Дебар-1, Штип-1, Велес-10 и во Гевгелија -1.
Потврдени се 29 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје-11, Куманово-4, Прилеп-3, Тетово-2, Велес-6, Кочани-3. Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во земјава изнесува 1.494.
Од нив, оздравени се 807, а починати 81 лице.
Во моментов, бројот на активни случаи изнесува 606.
– На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациентка на возраст од 55 години лекувана на Клиниката од 24 април и 87 годишен пациент лекуван на Клиниката од 27 април, и двајцата со тешка форма на болеста и респираторна слабост. Институтот регистрира уште едно починато лице во Прилеп, жена на возраст од 69 години, позитивна на вирусот, починала дома. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од с. Зрновци (Кочани) на 62 годишна возраст, на болничко лекување од 21 април“, наведоа од Министерството.
Во земјава епидемијата стивнува.