Економија, финансии, бизнис

Контакт

Состојба на патиштата: Возачи внимателно кај овие патни правци

Состојба на патиштата: Возачи внимателно кај овие патни правци

Врнежите од снег предизвикаа проблеми во одвивањето на сообраќајот.

Забрани за движење на тешки товарни возила има на Пресека, Стража, како и на патниот правец Маврово – Дебар, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка, Стража и Маврово.

Од 05:10 часот утринава е укината забраната за тешки товарни возила на планинските премини Буково и Ѓавато, додека од 04:55 часот и забрната на  патниот правец  Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот премин Барбарос.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од АМСМ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Слично

Поврзани вести