Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Намалена видливост и блокирани патни правци

СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Намалена видливост и блокирани патни правци

Маглата и утринава претставува проблем за возачите.

Доколку патувате се препорачува да внимавате Павлешенци каде видливоста е намалена на 30-50 метри,  50-100 метри на Кула и на патниот правец Петровец – Хиподром.

Ако патот и обврските ве носат кон соседна Грција, преминот Богородица заобиколете го бидејќи повеќе од една недела е блокиран и нема премин преку Евзони. Премините кај Дојран и Меџитлија меѓутоа се отворени за сообраќај.

Што се однесува до остантите патни правци сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Прекини има на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола. 

Слично

Поврзани вести