Економија, финансии, бизнис

Контакт

Состанок за спас на Преспанското Езеро

Состанок за спас на Преспанското Езеро

Министерството за животна средина соопшти дека во континуитет се следи критичната состојба со намалувањето на нивото на водата во Преспанското Езеро и се преземаат активности во рамки на надлежностите, а најавува и дека следната неделаќе се одржи координативна средба на национално ниво.

Станува збор за Планот за управување со сливот на Преспанското Езеро, а за истиот на состанокот ќе присуствуваат претставници од научната јавност, општината Ресен, Управата за хидрометеролошки работи, министерството, граѓанските организации активни во регионот и сите засегнати страни во имплементацијата.

„Целта е во најкус можен рок да се изврши иницијална експертска анализа на причините за состојбата и можните следни чекори за следење и подобро управување со водостојот на Преспанското Езеро“, соопштуваат од министерството.

Се иницира и процесот на воспоставување на Комитетот за управување на Преспа Паркот и е во процес на обезбедување номинации од страна на земјите членки: Северна Македонија, Албанија и Грција.



Слично

Поврзани вести