СОСЕЛАНИТЕ СО ЧАСОВИ ГО БАРАА: Најдено е момчето од Тремник кое беше пријавено за исчезнато
Moмчето од селото Тремник по кое се трагаше е пронајдено.
„Диме Стојамиров е пронајден здрав и жив, благодарение на ОВР Неготино и соселаните кои неуморно со часови до овој момент трагаа по исчезнатото лице“, известија попладнево од Фејсбук профилот посветен на неготинското село Тремник.
Во Полициската станица во Неготино, синоќа околу 22:15 часот е пријавен случај на исчезнато лице. С.С. (40) од селото Тремник, пријавил дека неговиот 22-годишен внук од брат, се оддалечил од семејниот дом. Како што е пријавено, момчето имало здравствени проблеми.
Слично
