СОСЕДИТЕ ЌЕ ИЗВЕЗАТ БРАШНО: 4.000 тони ќе завршат кај нас и кај Црногорците
Од Србија тргна извозот на 4.000 тони брашно за Македонија и за Црна Гора.
Извозот на брашно од српските мелници тргна за нашата земја и за Црна Гора, а се очекува одредени количини да бидат испорачани и во БиХ и во Албанија.
Ова го најави директорот на Здружението „Житоунија“, Здравско Шајатовиќ.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, овие држави се најголеми купувачи на брашно од Србија, а испораките запреа кога привремено беше воведена забраната за извоз на основните прехранбени производи поради пандемијата со коронавирусот.
Србија има доста залихи и нема проблем да ги задоволи потребите на домашниот пазар.
Слично
