СОС бара од Трамп да го преиспита УСАИД, ќе се однесува ли тоа и на проекти за македонската влада?
Новото здружение Стоп Операција Сорос ќе достави барање до новиот американски претседател Доналд Трамо да го преиспитал работењето на агенцијата за меѓународна помош УСАИД со цел да се види дали ја помагале фондацијата Отворено општество која добива пари од Сорос.
- Станува збор за пари кои преку разни програми овие две институции ги даваат на Фондацијата „Институтот отворено општество“ за политички цели и за пласирање на одредена политичка идеологија што е прифатлива само за една политичка опција во Македонија. Исто така, сите релевантни институции во САД ќе бидат информирани за случувањата во Македонија на оваа тема, како и новоформираната администрација на претседателот Доналд Трамп, од каде што ќе побараме да се изврши ревизија на оправданоста на овие програми и воедно ќе побараме да се изврши одредена истрага во врска со можна злоупотреба на овие парични средства кои припаѓаат на даночните обврзници на САД - рече Ненад Мирчевски од Здружението.
Иницијатива на СОС се чини дека е лов во матно бидејќи УСАИД има вложено десетици милиони долари во македонската влада за помош на проекти во образованието, земјоделството, правосудниот систем, здравството и многу други области кои се финансиски помогнати од американската влада. Меѓу медиумските проекти кои се директно поддржани од УСАИД е и порталот Прес 24 предводен од Славица Арсова, па така аргументите дека се помаат само критички настроени медиуми е многу „тенок“.
