Економија, финансии, бизнис

Контакт

Соработката на УКИМ и М6 Едукативниот центар, можност за поврзување на академската заедница и компаниите

Соработката на УКИМ и М6 Едукативниот центар, можност за поврзување на академската заедница и компаниите

Ректорот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски и главниот извршен директор на М6 Едукативниот центар Елена Младеновска-Јеленковиќ, потпишаа Меморандум за заедничка соработка.

Целта на овој Меморандум за соработка е преку заедничка заложба да се дојде до остварување и јакнење на потребната врска помеѓу деловната заедница и академската средина, како и постојана размена на искуства, знаења и податоци во насока на општествен развој, охрабрување и поддршка за вмрежување помеѓу компаниите, студентите и старт-ап заедницата.

Компаниите од една страна сè повеќе се соочуваат со недостиг на кадри како резултат на масовното одлевање на кадри од нашата земја, а од друга страна младите кои се желни да стекнат реално искуство немаат можност лесно да пристапат и да остварат контакти со бизнис заедницата. Преку оваа соработка, М6 ќе овозможи спој на двете засегнати страни како и можност за практична работа во М6 и компаниите соработници. Студентите ќе добијат шанса да посетуваат и обуки за развивање на меки вештини и останати обуки од различните програми на Едукативниот центар.

За време на посетата беше разговарано и за реализирање на  заеднички проекти, активности и друг вид на соработка преку кои ќе се овозможи развојот на едукацијата, науката, иновативните и креативните можности во најширокиот опсег, а особено во областите на земјоделството, технологијата, фармацијата и медицината, енергетиката и машинството, економијата, банкарството и осигурувањето.


Слично

Поврзани вести