СОРАБОТКА МЕЃУ ДОМАШНИ И СТРАНСКИ КОМПАНИИ: Бизнисмените да излезат од канцеларија, бизнисот сам нема да им тропне на врата
Соработката на домашните и странските компании е на многу ниско ниво. Ова вчера го кажа вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев .
Тој обраќајки се на „Конференцијата за зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори - Можности и предизвици“, во организацијата на Стопанската комора на Македонија, Советот на странски инвеститори и Машинскиот факултет од Скопје посочи дека најголемиот дел од странските компании од вкупните трошоци издвојуваат само 1 % за набавки на стоки и услуги од македонски добавувачи.
Анализите покажуваат дека македонските компании најчесто не нудат квалитетни и евтини суровини па соработката со странците е под еден процент а според кажаното на вицепремиерот тоа се должи на фактот дека најголемиот дел од овие компании се во средината во ланецот на производството и нивните продукти се наменети за големи, мултинационални компании, па одлуките за локални добавувачи не можат да ги носат брзо и самостојно и мора да го консултираат крајниот корисник.
Анѓушев посочи дека Владата ќе ја стимулира соработката помеѓу домашните и странските компании на тој начин што странските компании ќе добиваат поврат од 1% од вкупните средства за направени набавки, доколку 15% од набавките се направени од домашни производители.
Наспроти тоа за да се стимулираат домашните компании Владата ќе обезбеди поврат од 10% од направената инвестиција, а доколку со истата се овозможи и зголемена конкурентност на пазарите во странство.
Штефан Петер од Совет на странски инвеститори пак посочи дека македонските бизнисмени треба да излезат од канцеларија и да ја слушаат побарувачката, а не само да произведуваат бидејќи како што посчи бизнисот е на улица и нема да им дојде сам на врата.
