Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СОРАБОТКА МЕЃУ ПОЛИЦИСКИТЕ СИЛИ И СПРАВУВАЊЕ СО БАНДИТЕ, НЕ ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ“: амбасадорот Лосон за бројните шпекулации

„СОРАБОТКА МЕЃУ ПОЛИЦИСКИТЕ СИЛИ И СПРАВУВАЊЕ СО БАНДИТЕ, НЕ ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ“: амбасадорот Лосон за бројните шпекулации

По бројните шпекулации кои утрово се проширија на социјалните мрежи околу договорот за стратешко партнерство меѓу Велика Британија и Македонија, и дека тој ќе опфати и депортации на мигранти од Британија во Македонија, пристигна демант од самиот амбасадор. 

Британскиот амбасадор Метју Лосон ги демантираше тврдењата и шпекулациите кои веќе се ширеа низ медиумите за прифаќање на мигранти, сепак тој јасно нагласи дека со стратешкото партнерство не станува збор за прифаќање мигранти во Македонија. 

Ова го соопшти на заедничката прес-конференција со премиерот Мицкоски во македонската влада.

- Драго ми е што земјата се согласи на оваа соработка, но тоа се однесува на полициската соработка меѓу агенциите, и ова го правиме со повеќе европски земји. 

Не се работи за тоа, дека ќе се прифаќаат мигранти од Британија. Ова е широко партнертство, има многу шпекулации во медиумите на оваа тема, но не, овде не се работи за тоа.

Се работи за соработка меѓу полициските сили и справување со бандите, не за прифаќање мигранти - соопшти Лосон на заедничката прес-конференција со премиерот Мицкоски во македонската влада.

Фото: Принтскрин/Јутуб

Слично

Поврзани вести