Сопственикот намерно си го запалил станот утрово во Скопје?
Засега нема повредени а еден пожарникар побарал медицинска помош во пожарот кој утрово избувна од стан позади Собранието на улицата Даме Груев.
Пожарот е изгаснат и локализиран, оштетени се два стана бидејќи огнената стихија се проширила на балконот над него а станари на зградата тврдат дека станува збор за намерно запалување.
Неофицијалните информациите кои кружат во медиумите се дека станар сам си го запалил станот а станарите од зградата за „Макфакс“ изјавиле дека подолго време имале проблем со тој станар и неделава неколкупати го пријавувале.
Како што се пишува станарот на опожарениот стан е изнесен и моментно се наоѓа во полициска станица, а се работи за лицето В. Митревски кој до пред една година работел како професор во Штип.
МВР е на терен и детали за случајот ќе се соопштат по истрагата.
