Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сопственикот и администраторот на „Јавна соба“ повикани во полиција

Сопственикот и администраторот на „Јавна соба“ повикани во полиција

Министерство за внатрешни работи, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со СВР Скопје извршија идентификација на сопственикот на групата „Јавна соба“ со иницијали Д.К. од Скопје и еден од администраторите на групата со иницијали М.П. од Скопје. 

Во текот на истрагата преостанува да се утврдат останатите лица кои имале администраторски и модератороски улоги во групата. 

„Со лицата извршен е службен разговор, а во текот на утрешниот ден во соработка со надлежниот јавен обвинител од ОЈО ќе се направат дополнителни консултации и ќе бидат презентирани доказите со кои располага МВР. Од страна на МВР ќе бидат направени дополнителни анализи на содржината која беше споделена во групата со цел утврдување други нелегални активност и сторители, согласно со КЗ. Паралелно на ова, МВР во соработка со „Телеграм“, презема активности за затворање на групата и добивање други релевантни докази од интерес на истрагата“, стои во соопштение објавено на веб сајтот на МВР. 

МВР апелира до членовите на групата да ја напуштат на своја иницијатива. 

Слично

Поврзани вести