Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сопственик на хотел затаил 4 милиони евра данок

Сопственик на хотел затаил 4 милиони евра данок

58-годишниот К.Ш. од струшкото село Ложани, сопственик на струшкиот хотел „Бисер“ е осомничен дека затаил данок од околу 4 милиони денари, информираше МВР. Од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе е кривична пријава за даночно затајување против осомничениот.

Инспектори од Управата за јавни приходи при контрола на хотелот „Бисер“ во Калиште утврдиле даночни неправилности во текот на 2012, 2013 и 2016 година.

Во ова дело е вклучена и фирмата ТДУТУ „Шуми-81“ Струга ДООЕЛ село Калишта.

Според УЈП, К.Ш. како управител на „Шуми-81“, во чија сопственост е хотелот, не пријавувал дополнителни приходи остварени од угостителски услуги. На тој начин одбегнал плаќање на данок на додадена вредност, данок на добивка и персонален данок, оштетувајќи го државниот буџет за износ од 3.899.058 денари.


Слично

Поврзани вести