Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сопствениците на Еуростандард во рок од 30 дена можат да поднесат тужба до Управниот суд за одземањето на дозволата

Сопствениците на Еуростандард во рок од 30 дена можат да поднесат тужба до Управниот суд за одземањето на дозволата

Еуростандард банка има право да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 30 дена, доколку е незадоволна од решението на Народна банка за укинување на нејзината дозвола за работа.

Тоа е наведено во правната поука на самото Решение. 

„Незадоволната страна може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 30 дена од денот на приемот на ова решение“, се наведува во правната поука на Решението на Народна банка.

А со оглед на фактот што бизнисменот Трифун Костовски, во разговор за Фактор нагласи дека е незадоволен од оваа одлука на Народна банка, се очекува дека ќе биде поднесена тужба од Управнипот суд.

Всушност, акционерите на Еуростандард банка за утре најавија прес конференција, на која ќе ја кажат својата страна за укинувањето на дозволата на нивната банка. 

Слично

Поврзани вести