Сопругот на 31-годишната жена, која заедно со своето 6-годишно дете падна од балкон оди во притвор
Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа за Стојанче Јовановски, сопругот на 31-годишната жена, која заедно со своето 6-годишно дете падна од балкон во Карпош, кој се сомничи за наведување на сторување самоубиство, нанесување телесни повреди и загрозување на сигурноста.
Судот го прифати предлогот и одреди притвор со цел да се спроведат истражни дејствија, вештачења, анализа на видео-снимки и претреси, кои ќе помогнат да се утврдат околностите околу трагедијата.
„Притворската мерка е неопходна за обезбедување на сите докази во врска со сомненијата за сторените дела“, велат од обвинителството.
Јовановски ќе остане во притвор додека истрагата продолжува, а надлежните најавија дека ќе бидат преземени сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска даде детали за случајот и за тоа за какви дела е пријавуван мажот претходно.