Сопругата на претседателот Пендаровски се сретна со Џил Бајден и Олена Зеленска
Првата дама Елизабета Ѓоргиевска во Њујорк во рамки на Генералното собрание на ОН присуствуваше на приемот организиран од страна на првата дама на САД, Џил Бајден каде оствари кратка средба.
Сопругата на претседателот Пендаровски ја информираше за активностите на кои работи во соработка со УНИЦЕФ и други партнери, посветени на менталното здравје кај младите и потребата од поголема грижа и системски решенија од надлежните чинители во одржувањето на менталното здравје кај младите.
Ѓоргиевска имаше и кратка средба со првата дама на Украина, Олена Зеленска на која разговараа за неодамна одржаниот Самит за ментално здравје во Киев, од кој беше дел и Ѓоргиевска, а исто така и ја реафирмираше поддршката за заложбите на сопругата на украинскиот претседател, во контекст на заштитата на децата и нивните права.

