Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОПРУГАТА НА ИСЧЕЗНАТИОТ САМОИЛ: Колата во која е изведено киднапирањето после три дена е најдена запалена

СОПРУГАТА НА ИСЧЕЗНАТИОТ САМОИЛ:  Колата во која е изведено киднапирањето после три дена е најдена запалена

Семејството на исчезнатиот Самоил Костадиновски, веќе 10 дена чека да слушне информација дали тој е жив. Семејството испраќа молба до граѓаните да им помогнат со било каква информација да го најдат. Самоил е внук на македонскиот политичар, Љубе Бошкоски, има три годишно дете, а второто е на пат.

„На трети март се губи секоја трага од нашиот Самоил. Индициите наведуваат дека е киднапирање, а не самоволно исчезнување. Загрижува неажурноста на надлежните да се пронајде мојот сопруг. Колата во која е изведено киднапирањето после три дена е најдена запалена во атар на село Драчево. Полицијата изјави дека се притвор двајца од учесници, но она што е направено досега не дојде до пронаоѓање на Самоил“, изјави сопругата за Канал5.

Таткото на Самоил се сомнева дека зад киднапирањето стојат нарко-зависници.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија на кривично дело –  Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

„Тие на 3 март заедно учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода. Осомничените, на возраст од 30 и 25 години, претходно по предлог на Обвинителството, а со решение на Судот беа задржани во краткотраен притвор во траење од два пати по 48 часа со цел обезбедување докази.

Слично

Поврзани вести