ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сопругата на Игор Југ се вработи во „Македонски навигации“

Сопругата на Игор Југ се вработи во „Македонски навигации“

Ивана Југ – сопруга на починатиот Игор Југ, еден од осудените за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, е вработена во „Македонски навигации“ на еден од последнообјавените огласи од страна на акционерското друштво за контрола на летови.

Почетните плати во М-НАв се движат околу 1.000 евра, а просечната во ова компанија е околу 2.500 евра.

Како што објави СДК, нововработен е и потпретседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Ѓорѓиев.

Сопругата на Југ ќе работи како „помошник за развој и инвестиции и набавки“. Станува збор за реобјавен оглас специјално само за тие работни места.

„Македонски навигации“ објави уште еден оглас за нова тура на вработувања на неопределено време, додека во тек е претходниот од 13 јуни кој крена прашина во редовите на самиот синдикат на вработените и покрена реакции на негодување. Платите што се нудат, како и претходно, достигнуваат до околу 100.000 денари.


ad
Слично

Поврзани вести