Сопругата на Игор Југ помош бара од хрватските медиуми, неговите роднини се дистанцирале од него
Сопругата на Игор Југ, обвинет за терористичко здружување и нарушување на државниот поредок, се пожали во редакцијата на хрватскиот „7дневно“ дека никогаш не ја видел својата ќерка која се родила пред година и пол поради истражниот затвор во Шутка и дека го нарекувале „македонскиот Усташ“.
Таа открила дека членови од неговата фамилија се дистанцирале од него поради политичките тензии во Македонија. Признала дека Југ бил импресиониран од единиците на ХОС и негова желба била хрватските медиуми да добијат „вистинска слика“ за неговата ситуација.
Во истражниот затвор напишал и песна која му е објавена, а во истата им се восхитува на атентаторот Владо Черноземски и генерал Слободан Праљак.
Слично
