Сопруга на загинатиот полицаец во Кочани: Со поткуп, свекорот ја продаде смртта на мојот сопруг
Сопруга на полицаецот кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска на „Маршот за ангелите“ излезе со траорно сведоштво.
Вели дека нејзиниот свекор со поткуп успеал да обезбеди работно место во полиција за неговата ќерка.
„Документите за пензија пет месеци стоеја во МВР во Пробиштип. Пет месеци мене никој не ме праша како истерав до сега. А вие на местото од сопругот ја примивте сестра му. Каде е правдата? Никаде нема правда“, вели таа, пренесува 24 инфо.
Родителите бараат оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Велат дека секој ден има пожари, убиства и додадоа дека Тошковски не е за таа позиција.
Во пожарот во „Пулс“ на 16 март годинава загинаа 62 луѓе, а имаше и околу 200 повредени.
фото принтскрин
