Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сопруга на пратеник на ВМРО-ДПМНЕ кој гласаше за уставните измени вработена во МВР

Сопруга на пратеник на ВМРО-ДПМНЕ кој гласаше за уставните измени вработена во МВР


Последен случај на вработување кое може да се поврзе со услуга и непотизам е сопругата на пратеникот Зекир Рамчиловиќ која пред еден месец била вработена во министерството за внатрешни работи, објави А1он.
Станува збор за работно место за Мерсада Рамчиловиќ во Сектор за внатрешни работи како самостоен советник во писарница, што според систематизацијата може да се каже дека е релативно добра позиција.
Зекир Рамчиловиќ кусо одговорил на телефонскиот повик дека не може да зборува затоа што е во Унгарија. Тој е еден од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ која гласаше за уставните измени согласно Преспанскиот договор.


Слично

Поврзани вести