Сопруг на пратеничката Арта Билали се вработил во Агенција за воздухопловство?
Елвир Зендели, сопруг на пратнеичката на ДУИ Арта Билали Зендели се вработил во Агенцијата за цивилно воздухопловство, објави Прес 24.
Според информациите, вработен е од почетокот на месецов во регулаторното тело, каде што платата се движи околу 70.000 денари.
Одлуката за вработување е од пред два дена, со дата од 2 октомври 2023 година потпишана од директорот Томислав Тунтев, поранешен пратеник на СДСМ.

Слично
