Сопрено финансирањето на 13 политички партии во Македонија
Министерството за правда донесе одлука да го сопре редовното финансирање на 13 политички партии во Македонија поради тоа што не доставиле извештај од регистар на примени донации, годишна сметка или годишен финансиски извештај за 2019.
Станува збор за Демократска обнова за Македонија; Обединети за Македонија; Македонска алијанса; Српска Напредна странка во Македонија; Унитети; Бошњачки Демократски Сојуз; Глас за Македонија; Граѓанско демократска унија; Демократски сојуз на Власите од Македонија; Попули; Интегра – Македонска конзервативна партија; Алтернатива и Социјалдемократска партија на Македонија.
Овие партии не го запазиле бараниот рок да ги исполнат своите обврски до 30 април Запирањето на исплатата на средства за редовно годишно финансирање од буџетот за политичките партии ќе трае до уредно исполнување на обврските, се вели во одлуката.
