Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сопрена предстечајната постапка за ТВ Нова

Сопрена предстечајната постапка за ТВ Нова

Телевизија Нова на бизнисменот Сеад Кочан за која денеска во судот имаше закажано рочиште за отварање стечај, ќе продолжи да работи. 

Деновиве било повлечено барањето за отварање на предстечајна постапка доставено од Телекабел, откако ТВ Нова го подмирила долгот кон нив. Со тоа се прекинува целата постапка која што беше започната. 

Иако долговите кон Телекабел се подмирени, телевизијата се уште должи на УЈП и на вработените за шест неисплатени плати. 

Но, и покрај тоа вчера на огласната табла во ТВ Нова преку соопштение менаџментот се барало сите вработени да се вратат на работа, бидејќи од денеска започнуваат со активно продуцирање на програма. На оние кои што нема да се вратат на работа им се заканува отказ.

Слично

Поврзани вести