Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сопрена пратка со отпад на Богородица

Сопрена пратка со отпад на Богородица

Министерството за животна средина соопшти дека во моментов се врши вонреден инспекциски надзор над пратка со отпад сопрена на граничниот премин Богородица.

„Се информира јавноста дека во моментов Државниот инспекторат за животна средина во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската Управа, врши вонреден инспекциски надзор над пратка со отпад (РДФ) запрена на граничниот премин Богородица помеѓу Република Северна Македонија и Грција“, соопшти министерството.

Резултатите од надзорот ќе бидат споделени со јавноста по извршениот увид на документацијата и анализа на земените примероци од страна на инспекторите и царинските служби.


Слично

Поврзани вести