Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Сопот“ по осум месеци од во рацете на СЈО

„Сопот“ по осум месеци од во рацете на СЈО

СЈО конечно го доби предметот „Сопот“ кој е од голем интерес пред се за албанската заедница во Македонија бидејќи често се шпекулираше дека пресудите за жителите на кумановското село се неправични и потребна е нова истрага за што поткрепа има и во прислушкуваните разговори.

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал го предаде предметот „Сопот“ на Специјалното јавно обвинителство. Одлука ја донел колегиумот на обвинители дури осум месеци откако Катица Јанева го побара предметот. Според соопштението на јавното обвинителство, причината за доцнењето е што нивниот став бил дека „Сопот“ не требал да оди во СЈО.

„Со оглед на тоа што кривично правниот настан е случен пред 2008 година, поточно во 2003 година, Обвинителството за организиран криминал сметаше дека предметот што се бара не е поврзан и не произлегува од содржината на неовластеното следење на комуникациите.“ – соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија

Сепак, главната вина што „Сопот“ дури сега оди во СЈО е во Советот на јавни обвинители. Токму поради различните толкувања на законот за СЈО, Советот осум месеци го држеше предметот за да одлучи каде треба да оди. За на крај, како што денес потврди и претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски, да одлучат да не донесат конечна одлука и да остават Обвинителството за организиран криминал само да носи одлука.

„Истиот е вратен во Обвинителството за гонење на организиран криминал и дадено им е напатствие да постапат согласно член 11 од специјалниот закон за тоа јавно обвинителство, а имајќи ги во предвид и сите други одредби.“ –  изјави Петар Аневски

Случајот „Сопот“ датира од 2003-тата година, кога во теренско возило во кумановско загинаа  двајца полски војници и македонски државјанин поради поставена нагазна мина. Како виновни, беа осудени 11 лица од селото Сопот. Но, во еден од прислушуваните разговори кои ги објави опозицијата во 2015-тата година стана јасно дека пресудата е донесена без опипливи докази.


Слично

Поврзани вести