Сопартијци на Беким Сали бараат негова оставка
Незадоволната група од партијата Алтернатива бара оставка од министерот за здравство Беким Сали, пренесува Алсат ТВ, без при тоа да бидат наведени причините за таквата иницијатива.
Станува збор за партиски членови од огранокот на Чаир, од каде што е и самиот Сали.Од таму реагираат до министерот за здравство дека не ги исполнил партиските цели.
Меритон Цуволи рекол дека за забелешките го известил првиот човек на партијата Африм Гаши и побарале од него во рок од 10 дена да го разреши министерот Сали.
Иницијативата во моментов содржи 11 потписи.
Слично
