Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сообраќајот во Македонија на сите патни правци се одвива во зимски услови

Сообраќајот во Македонија на сите патни правци се одвива во зимски услови

Денеска сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива во зимски услови.

Поради временските услови од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. 

„Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а слаби врнежи од снег има на сите патни правци во Македонија“, информира АМСМ.

На Попова Шапка има магла со видливост од 10 до 15 метри.

АМСМ препорачува внимателно особено во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.


Слично

Поврзани вести