Сообраќајот Скопје - Приштина во прекин
На релација Скопје - Приштина има прекини.
Сообраќајот на магистралниот пат Скопје-Приштина од косовскиот граничен премин „Хани-Елези“ до Качаник од утрово е во прекин во двата правца, за влез и излез од Косово, поради изведување градежни работи.
Сообраќајот ќе биде во прекин до 17 часот, а до тогаш се пренасочува.
Сообраќајот на државните патишта во Македонијасе одвива без забрани, по претежно суви коловози. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Слично
