Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сообраќајот се одвива нормално, на Богородица зголемена фревкенција на возила

Сообраќајот се одвива нормално, на Богородица зголемена фревкенција на возила

Сообраќајот на сите патни патишта низ земјава се одвива во нормален тек, по суви коловози.

На патниот правец Дренoво - Плетвар, во близина на каменоломот, во должина од 3 км, поради изведување на градежнo асфалтерски работи, сообраќајот се одвива наизменично, регулиран со семафори, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Градежните работи започнаа на 14.06.2014 и ќе траат во наредните 15 дена, известуваат од АМСМ.

Патниот правец Кичево – Охрид во близина на Ботун поради изведување на градежни работи на пат, сообраќајот се одвива наизменично регулиран со семафори за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица има зголемена фревкенција на возила и задржувањата за излез од Македонија се од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Слично

Поврзани вести