Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сообраќајот пренасочен, а четири лица уапсени за пожарот во велешко

Сообраќајот пренасочен, а четири лица уапсени за пожарот во велешко

Поради големиот пожар, сообраќајот од автопатот Скопје – Велес, од клучка Башино село до влез на градот, се пренасочува по регионалниот пат езеро Младост кон Велес. 

Пренасочувањето на сообраќајот е од вечерва, од 18:10 часот.

Четири лица се приведени во полициската станица во Велес со сомнеж дека го предизвикале пожарот, објави порталот Дума. Приведените со брусалица работеле во близина на боровата шума, на крстосницата за Башино село и патот кон езерото. 

Изгоре шумскиот насад, нискостеблестите растенија и сувата трева на Младост. Пожарот во еден момент, го опколи од горната страна и новоизградениот хотел Глориус. 

Слично

Поврзани вести