Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сообраќајот меѓу два града прекинат поради одрон

Сообраќајот меѓу два града прекинат поради одрон

Сообраќајот на патниот правец Кичево- Демир Хисар од 19.10 часот вечерва е во целосен прекин поради одрон на земјиште кај село Кладник, информира АМСМ.

На патниот правец Макази – ГП Маркова Нога поради свлечиште кај месноста Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на другите државни патишта се одвива по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Слично

Поврзани вести