Економија, финансии, бизнис

Контакт

СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА ВО СТРУГА, возачите со тешки повреди, сопатник со полесни

СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА ВО СТРУГА, возачите со тешки повреди, сопатник со полесни

Во текот на вчерашниот ден во сообраќајна незгода во Струга биле повредени возачите на авбомобилите кои учествувале во незгодата, како и сувозачот во едното возило. 

Како што информира МВР, на 14.07.2022 во 16.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека кај место викано „Блато“ во Струга  се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од  Б.А.(26) од с.Радолишта, струшко и патничко моторно возило „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Л.(33)  од с.Калишта, струшко. 

- Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „бмв“ М.Х.(28) од с.Радолишта, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга - се наведува во соопштението.

Слично

Поврзани вести