Сообраќајна незгода на југоистокот го блокираше патот Штип-Радовиш
Сообраќајна незгода утринава го блокираше магистралниот пат Штип-Радовиш на 6 километри од Штип.
Според првичните информации двајца возачи се тешко повредени во незгодата. Возач од Виница и од Штип се судриле кај месноста викана Шести километар.
Повредените возачи се хоспитализирани во Штипската болница, а пожарникарите од Штип излегле веднаш на терен и ги извлекле возачите од возилата.
Таму, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возила. Ова го соопштија од АМСМ од каде што велат дека сообраќајката е причина возила да не се пропуштаат.
За причините, надлежните од СВР велат дека ќе информираат во текот на денот по завршување на истрагата.
Слично
