Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сообраќајна незгода меѓу три возила на АРМ кај Сопот

Сообраќајна незгода меѓу три возила на АРМ кај Сопот

Денеска 30 минути после 12 часот на патарината кај Сопот се случила сообраќајна незгода во која учествувале три возила на АРМ.

Според МВР повредени биле 5 војници кои и се движеле во конвој на редовни вежбовни активности на армискиот полигон Криволак.

Петмина припадници на Армијата на Република Македонија се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Велес-Скопје.

На војниците им е укажана лекарска помош во болницата во Велес но не се задржани на натамошно лекување.

Според јавниот обвинител што извршил увид, несреќата се случила кај наплатната рампа на автопатот Скопје – Велес, кога на еден од оклопните транспортери во колоната возила на АРМ му откажале сопирачките, па удрил во оклопен транспортер пред него, кој бил застанат. 

Тој транспортер удрил во друго возило, „ленд ровер дефендер“.

Според извештајот на јавното обвинителство, причинета е незначителна материјална штета, а дежурниот јавен обвинител издал наредба за вонреден технички преглед на моторните возила што учествувале во несреќата.

Слично

Поврзани вести