Економија, финансии, бизнис

Контакт

СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА: Автомобил излетал од пат, возачот повреден

СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА: Автомобил излетал од пат, возачот повреден

Дваесет и осум годишно лице од Кавадарци било повредено кога автомобилот со кој управувал излетал од регионалниот пат Кавадарци-мотел Дреново, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Несреќата се случила вчера.

Додевски соопшти дека се работи за патнички автомобил марка „форд фиеста“ со неготински регистарски ознаки.

Повредениот возач бил пренесен во ЈЗУ Општа болница Кавадарци и бил задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС ОН Кавадарци.


Слично

Поврзани вести