СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Возач удри седумгодишно дете
Во сообраќајна несреќа е повредено седумгодишно дете. Според полицијата до несреќата дошло кога триесетгодишен возач со мерцедес удрил во седумгодишен пешак од Куманово.
Несреќата се случила вчера.
Се работи за возачот С.Д.(30) од Куманово кој управувајќи патничко моторно возило мерцедес со кумановски регистарски ознаки удрил во 7-годишно дете, пешак, од Куманово. По незгодата, детето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Клиничка болница Куманово, а потоа во Комплексот клиники "Мајка Тереза" Скопје, за понатамошно лекување.
Извршен е увид на местото на настанот и се утврдуваат причините за сообраќајката.
Слично
