Економија, финансии, бизнис

Контакт

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Тринаесетгодишен малолетник возел автомобил и удрил во бетонски ѕид

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Тринаесетгодишен малолетник возел автомобил и удрил во бетонски ѕид

Вчера на регионалниот пат Мавровска крстосница кон Дебар, 13-годишен малолетник од Кавадарци управувајќи автомобил „југо“ со охридски регистарски ознаки и прикачена лесна приколка удрил во бетонски ѕид.

Детето има тешки повреди и по укажаната лекарска помош во ургентниот центар во Гостивар било пренесено на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Во возилото биле и неговиот татко Ш.Д. (31) од Кавадарци и М.М. (37) од Гостивар, кои се здобиле со телесни повреди. 
Полицијата извршила увид на лице место.
Ова отвора многу прашања, дали е во ред тринаесетгодишно дете да управува со автомобил, се загрозува ли безбедноста, до каде е свеста на родителите?

Слично

Поврзани вести