Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сообраќајки на два патни правци во Македонија

Сообраќајки на два патни правци во Македонија

Сообраќајки денеска се случија на два патни правци во земјава. 

Пред Маврово околу 11 часот поради неприлагодената брзина на патот се преврте автомобил „корса“. Од СВР Тетово велат дека со автомобилот со скопски регистарски таблички управувал 27-годишниот Ѓ.Н. од Скопје. Возачот и двајцата сопатници успеале да се извлечат од превртеното возило со лесни повреди. 

Од 13:30 часот, сообраќајот на патниот правец Кавадарци (Росоман)-Прилеп, околу 200 метри после тунелот е нормализиран.

Сообраќајот беше во прекин од 10:45 часот, до 13:30 часот поради сообраќајна незгода која се случи на околу 200 метри после тунелот. Едно лице е повредено и e пренесено во Општата болница во Прилеп.

Слично

Поврзани вести