СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ: Шеесет годишен маж потешко повреден
Во сообраќајна незгода во Кавадарци потешко е повреден шеесет годишен маж, соопшти СВР Велес.
Вчера попладне две патнички возила со кавадаречки таблици се судриле на улицата „Шишка“ во Кавадарци. Од несреќата со потешки повреди се здобил едниот возач З.М кој бил пренесен во болница.
Екипа од полициската станица од Кавадарци извршила увид на местото на настанот.
Слично
