СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ: Се судрија автобус и трактор
Во Кавадарци се судрија трактор и автобус, при што маж е тешко повреден.
Тој со тешки телесни повреди е пренесен во болница.
„На 26.06.2020 во 05.45 часот било пријавено дека во Кавадарци, на ул.„Шишка“, се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус „сетра“, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од С.К.(65) од Неготино и трактор „ИМТ 533“, со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(80) од Кавадарци“, се вели во соопштение од полицијата.
Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.
Слично
