Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сообраќајка во Автокоманда - се судрија автомобил и камион

Сообраќајка во Автокоманда - се судрија автомобил и камион

Сообраќајна несреќа се случи во Автокоманда при што се судрија автомобил и камион. Предниот дел на автомобилот е смачкан. 

Незгодата се случила на раскрсницата после хотелот Континентал во скопската населба Автокоманда. Поради вршењето на увид, лентата од булеварот која е во правец кон Центар и Битпазар е затворена, а возилата се пренасочуваат од Ќерамидница или пак Железара. Луѓето кои се на лице место велат дека има метеж. Засега нема податоци за повредени. 


Слично

Поврзани вести