Сообраќајка со четири возила кај „Св.Еразмо“, сообраќајот се пренасочува
Едно лице почина во сообраќајната незгода која попладнево се случи на магистралниот патен правец од Охрид кон Кичево, во близина на црквата „Свети Еразмо“, јави Охрид 1.
Во незгодата учествувале четири моторни возила, од кои три патнички и едно товарно.
Во незгодата, едно лице го загубило животот, а три се повредени од кои две имаат телесни повреди, тие се префрлени во болницата „Св.Еразмо“, изјави за КУРИР Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Причините се уште се непознати.
Сообраќајот на тој патен правец се одвива по алтернативна насока, преку стариот пат од Охрид кон Струга.
Извор и Фото Охрид1
Слично
