Сообраќајка на „Партизанска“: Две лица повредени по судир со возило на Брза помош
Две лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа во Скопје по судар со возило на Брза помош, дознава МИА.
Во инцидентот претходно учествувале повеќе возила синоќа околу полноќ на булеварот „Партизански одреди“.
Шеф на смена во Брза помош - Скопје, доктор Драган Панов потврди за МИА дека во директен судир со комбе на Брза помош од приватна болница, две лица биле полесно повредени.
Повредените се пренесени во Ургентниот центар за понатамошен третман и опсервација.
Слично
