Сообраќајка кај Градско, автомобил паднал на пруга при што се повредени петмина
Страшна сообраќајна несреќа се случи вчера во Градско.
Околу 19 часот, автомобил кој се движел во близина на бензиска пумпа паднал од патот на железничката пруга, при што повредени се пет лица.
Како што соопшти за МИА д-р Василка Пановска Поп-Стефанова, началник на Брза Помош, повредените по укажаната помош се пренесени во Ургентниот центар на болницата во Велес. Портпаролката на ЈЗУ Општа болница во Велес, Елеонора Јованова, изјави дека кај сите повредени се констатирани помали телесни повреди, по што се пуштени на домашни лекување.
Слично
