Економија, финансии, бизнис

Контакт

СООБРАЌАЈКА КАЈ ГЕВГЕЛИЈА: Има жртва, повредените ќе бидат однесени на лекување во Скопје

СООБРАЌАЈКА КАЈ ГЕВГЕЛИЈА:  Има жртва, повредените ќе бидат однесени на лекување во Скопје

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во 19:45 часот на патот Гевгелија-Богданци. Во сообраќајката учествувале четири патнички возила, соопшти портпаролката на СВР Струмица, Алекснадра Трајанова.

„Во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на регионален пат Гевгелија – Богданци се случила сообраќајна несреќа во која учествувале четири патнички возила – две марка “мерцедес”, “опел корса” и “хјундаи”. Во несреќата на самото место починал возач на едно од возилата. Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на Полициската станица Гевгелија“, изјави Трајанова.

Од 19:45 часот сообраќајот на регионалниот пат Богданци – Гевгелија е во прекин во двата правци, поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.

„Патот е затворен, а сообраќајот се пренасочува преку с.Богородица. ТППЕ Гевгелија е излезена со 1 пп возило и 3 пожарникари, како и екипа на ПС Гевгелија кои вршат увид на местото на настанот“, велат од ЦУК Струмица. 

Според информации на Фактор, има повредени, при што дел ќе бидат однесени на КАРИЛ, а дел во ГОБ „8-ми Септември“.  Како што дознаваме, станува збор за мигранти. 

Слично

Поврзани вести