Економија, финансии, бизнис

Контакт

СООБРАЌАЈКА КАЈ ДЕЛЧЕВО: Загинаа родители и мало дете

СООБРАЌАЈКА КАЈ ДЕЛЧЕВО: Загинаа родители и мало дете

Maло дете и неговите родители  загинаа попладнево во тешка сообраќајна несреќа на десетина километри пред Делчево. 

Во несреќата на лице место загинале 32-годишниот Д.Д кој го управувал возилото, неговата пет години помлада сопруга и нивниот двегодишен син. 

Несреќата се случила при директен судар на автомобил „Фиат пунто“ со делчевски регистарски таблички со камион натоварен со дрва со штипски регистерски таблички, управуван од 56-годишниот П.Г. од Штип.

Сообраќајката е пријавена во 15.40 часот, а се случила на магистралниот пат Кочани-Делчево кај месноста Лештаро. 

Таа додаде дека екипи од полицијата и надлежните органи во моментов вршат увид на местото на несреќата, а сообраќајот е во прекин во двата правци.

Слично

Поврзани вести