Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сообраќајка го стави во прекин автопатот Неготино-Гевгелија

Сообраќајка го стави во прекин автопатот Неготино-Гевгелија

Поради сообраќајна незгода пред еден час патувањето по Автопатот А-1 Неготино-Гевгелија се одвива со наизменично пропуштање, додека за ТМВ е во прекин. 

Според АМСМ незгодата се случила  на самиот влез на тунелот на Автопат А-1.

Што се однесува до другите патни правци сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози а се патува со умерен интензитет.

Во прекин според Авто мото сојузот ќе биде патниот правец Р1202 Маврово - Дебар, на делницата с.Долно Косоврасти – Мелнички мост.

Овој патен правец во прекин ќе биде денес, утре и задутре од 13 до 17 часот а причината е извршување градежни работи на пат (асфалтирање).

Слично

Поврзани вести