Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОНК задоволен од понудените 10 отсто од Владата

СОНК задоволен од понудените 10 отсто од Владата

Заврши средбата помеѓу претставниците на Синдикатот за образование, наука и култура и Владата, по што беше соопштено дека е понудено зголемување на платите на наставниците и професорите за 10 отсто од април 2020.

СОНК наведе дека состанокот, на кој покрај претседателот на СОНК, Јаким Неделков и министерот за образование Арбер Адеми, присуствувал и премиерот Зоран Заев, бил оценет како конструктивен

Сега преостанува овој став СОНк да им го пренесе на членовите и евентуално да дојде до согласност. Просветните работници од септемвриската плата добија зголемување за 5 отсто но тоа беше недоволно и пристапија на предупредувачки штрај на 2 септември, првиот училишен ден, по што објавија дека ќе стапат во генерален штрајк доколку покачувањето не биде достоинствено. Првично, нивното барање беше зголемување на платите за 25 отсто.

„Тоа е процедура која ќе трае до крајот на неделава или до почетокот на наредната. Предлогот ќе биде утре на седница на Советот на СОНК, потоа до членството, рече Неделков.

Адеми потврди дека во зголемувањето од 10 отсто за идната година нема да се сметаат оние 5 проценти од септември, односно зголемувањето ќе биде целосно.

“Јас би кажал дека ова е историско покачување на платитево дејноста образование" изјави Адеми.


Слично

Поврзани вести