Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОНК продолжува со штрајкот

СОНК продолжува со штрајкот

Oд СОНК денеска на прес - конференција изјави дека заклучоците на Владата не водат кон решение. 

Тие не прифатија 10 отсто покачување на платите, а штрајкот продолжува.  Велат дека има обиди за спречување на штрајкот, бидејќи властите најавија дека дневници нема да им бидат исплатени на просветните работници додека штрајкуваат. 

„Се спори правото на штрајк, се бара причина зошто е организиран и зошто е прекинат образовниот процес. СОНК не чувствува одговорност за прекинот на наставата, одговорот треба да се побара на друго место. Советот на СОНК констатира дека одредени министри ги заплашуваат наставниците. Законско право е исплата на плати при штрајк. Наставниците и воспитувачите да не се плашат“, рече Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Вели дека понудените 10 отсто зголемување на платите во образованието од Владата се бетонираат и не се остава простор по ова прашање.
Владата вчера го задолжи Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии со ребалансот на Буџетот да предвидат средства за покачување на платите во основното, средното образование и детската заштита во висина од 10 отсто. 
фото Принтскрин

Слично

Поврзани вести